ТекстилЧЕ е креативна платформа посветена на одржливата мода и редизајн на текстилен отпад. Нашата мисија е да покажеме дека старата облека може да добие нов живот – со стил, приказна и еколошка вредност.
Преку редизајнирани производи, едукативни ресурси и практични
работилници, ги поврзуваме младите, креативноста и принципите на циркуларната економија. Веруваме дека модата не мора да создава отпад, туку може да биде алатка за позитивна промена.
ТекстилЧЕ е место каде што:
– старите ткаенини се претвораат во модерни креации,
– младите дизајнери добиваат простор за изразување и промоција,
– одржливоста станува дел од секојдневниот живот.
Секое наше парче е уникатно и носи своја приказна – приказна за
одговорен избор, креативност и грижа за животната средина.
Мери Бошкоска, Ко-основач